Почитувани сограѓани,
Преку социјалните мрежи, од страна на лица блиски на актуелната власт и без никакви реални аргументи УМС ВМРО- ДПМНЕ Струмица е брутално посочена за вандализам во градот.
На ваков начин власта си прави свое алиби за репресија врз младите пред почетокот на кампањата за претседателски избори. Целта е провидна: да се оцрнат активностите на нашата организација и заплашат младите со цел да се пасивизират. Затоа што незадоволството помеѓу младите кои остануват во земјава расте.
Немаме намера ниту потреба да ги вандализираме објектите на сограѓаните и го осудуваме овој чин.
Бараме органите да го откријат сторителот и неговите мотиви.
Во меѓувреме УМС Струмица не се плаши од никого. Оваа власт заслужува казна која, на легитимен начин, наскоро ќе пристигне од народот на претстојните избори.