ЗОРАН ЗАЕВ: Секој средношколец или студент што веднаш ќе тргне на работа ќе добие стимулации од државата!

октомври 5, 2021

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека секој средношколец кога ќе матурира, или студент кога ќе дипломира, да добие државни стимулации доколку веднаш тргне на работа.

„Младите тргнуваат на работа на 30 години, односно пред да стапат во брак. Секој што веднаш ќе тргне на работа на 18 години по средното училиште, или на 22-23 години по факултетот, ќе добие платени придонеси од државата и други стимуланси само да ги натераме да тргнат на работа“, рече Заев.

Премиерот додаде дека ќе биде помагано и практиканството, а целта е невработеноста кај младите да се намали на ниво од 17 отсто. Придонесите ќе бидат платени од државата во првите години од вработувањето, а за останатото само рече дека ќе бидат „награди“.

Заев додаде дека енергијата на младоста ќе биде дополнителен стимуланс и ќе ја придвижи економијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: