СДСМ СТРУМИЦА ЗА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ: МИЦКОСКИ ЗАСТАНА ЗАД ОСУДЕНИТЕ НАСИЛНИЦИ КОИ ВО 2017 ГОДИНА СЕ ОБИДОА ДА УБИЈАТ ПРАТЕНИЦИ, НОВИНАРИ И ВРАБОТЕНИ ВО СОБРАНИСКИТЕ СЛУЖБИ!

април 26, 2021

СДСМ СТРУМИЦА:

Предводени од бегалецот Никола Груевски и неговиот извршител, Христијан Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ се врати во најцрниот ден на македонската демократија, 27 април 2017 година.

На граѓаните се уште им се свежи сеќавањата кога вооружени насилници упаднаа во Парламентот и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, насилници кои дивееја во Законодавниот дом и пред очите на домашната и светската јавност тепаа пратеници, кршеа, уништуваа, се обидоа да ја погазат волјата на народот и ја доведоа државата на раб на граѓанска војна. Не го бранеа Уставот, туку ја бранеа фотелјата на бегалецот од правдата Никола Груевски.

Така беше и вчера. Предводени од Мицкоски, кој и самиот беше дел од толпата пред Собранието на крвавиот четврток, застана токму зад овие осудени насилници, застана на браникот на криминалот и насилството.

Почитувани,
Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на ВМРО ДПМНЕ и затоа се казнети шест пати за четири години. Тоа најдобро го препознаваат и граѓаните на нашата Струмица, кои четири пати едноподруго ги испраќаат во вечна опозиција. Граѓаните знаат да проценат кој шири лаги и ја блокира државата.

Заради нивните деструктвни политики уште долго ќе останат во опозиција и на браникот на регресот и криминалот. Така ќе биде и на претстојните локални избори во Струмица. Ќе продолжат да ги греат опозициските столчиња, бидејќи граѓаните памтат, граѓаните знаат и не простуваат.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ