КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: ВМРО-ДПМНЕ И ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ГИ ПОТЦЕНУВААТ ГРАЃАНИТЕ И НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРААТ НИВНИТЕ ПОТРЕБИ!

јули 8, 2020

Костадин Костадинов, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ во Струмица:

Оваа изборна кампања, повторно јасно и прецизно ја покажа разликата меѓу СДСМ и коалицијата Можеме и ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна е нашиот концепт што води напред, нашата Програма и понуда, нашите решенија за граѓаните, кои се темелни, јасни и целосно разработени. Од другата страна имаме само црнила, без концепт, без визија, само понуда за обнова на режимот, обнова на поделбите.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги потценуваат граѓаните, не ги знаат нивните проблеми, не ги интересираат нивните потреби. Тоа го гледаме во изминатите три години, го гледаме во кампањата, а го гледаме и во нивната изборна програма.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: