КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ОД ТУРСКОТО МААЛО ВО СТРУМИЦА: ОВА МЕСТО Е СИМБОЛ НА ЗАЕДНИШТВО И СОЖИВОТ!

јули 12, 2020

Коста Костадинов, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ во Струмица:

Денеска од моето Турско маало пуштив неколку многу јасни пораки.
Турското маало е симбол на заедништвото, на соживотот, симбол на непокорот.

Не попуштивме ниту на Груевски ниту на Јанкуловска, уште помалку ќе им попиштиме на нивните ученици Мицкоски и Чулев!

СДСМ покажа дека се грижи правично и подеднакво за сите граѓани, бидејќи ова е држава на сите.

Покажавме дека може да се промени начинот на кој државата се грижи за своите граѓанки и граѓани, за децата, младите, постарите и послабите затоа што социјална држава единствено значи грижа за секој поединец во неа.

Сите сиромашни домаќинства добија за 300% повисока социјална помош.

Ја зголемивме минималната плата за 60%!

Ги зголемивме пензиите и ќе продолжат да растат. Минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари.

За три години социјалната помош ја зголемивме за 300%. Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства.

Воведовме детски и образовен додаток. Во новиот мандат се зголемува опфатот на детски додаток за 65.000 деца.
12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

Го бараме вашиот глас за нов, чист мандат, за да ги продолжиме добрите политики. Гласот за СДСМ е глас за сигурност, глас за да спречите влада на ВМРО-ДПМНЕ и нова опасност.

Излезете и гласајте за број 3, напредокот да продолжи уште повеќе, да биде уште подобро за сите. #Можеме

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ