Костадинов со препораки како најбрзо да се излезе во пресрет на оштетените од пожарот во Струмица!

јануари 3, 2021

Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ:

Пред се како човек, секако и како поранешен советник и ВД градоначалник на општина Струмица чувствувам должност и обврска да ги повикам моите струмичани на солидарност, која во Струмица секогаш постоела.

Се приклучувам на апелот на премиерот Зоран Заев да сите оние компании кои располагаат со механизација и човечки капацитети, се вклучат и помогнат при самото расчистување на ТЦ Глобал.

Секако сите да се солидаризираме и да помогнеме во заживувањето на економијата во самиот Глобал и на луѓето кои лебот го вадат од таму.

⭕️Препорачувам општината заедно со советот веднаш да формираат солидарен фонд во кој граѓаните ќе можат да донираат.

⭕️Согласно капацитетите на општината и законските можности да се помогне на оштетените граѓани и компании.

⭕️Да се ослободат од плаќање фирмарина оштетените во пожарот, во наредните 2 години

⭕️Општината формално правно, да ги ослободи оштетените од закупнина кои ја имаат самите фирми кон општината,до момент на целосно санирање на штетите на самите тезги, локали…

⭕️Сите ние кои сме ја добиле честа од граѓаните да ги претставуваме, независно дали функцијата е централна или локална, а сме од Струмица први да придонесеме во солидарниот фонд.

пс.Оправданост за свикување итна седница на советот има, добра волја од сите советници исто така убеден сум дека има.

Време е за Акција❗️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ