ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ СООПШТИ: „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА!

април 7, 2021

Зоран Заев, премиер на Република Македонија:

„Лидл“ доаѓа во Северна Македонија! Инвестицијата на германската компанија е нов стимул за домашната економија. На состанокот со менаџментот на „Лидл“ беа презентирани плановите на компанијата, кои својата прва инвестиција во Северна Македонија ќе ја реализираат преку изградба на сопствен модерен логистички центар кој ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на

„Лидл“ и ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети.

Над 200 германски инвеститори вработуваат повеќе од 28.000 лица во 🇲🇰. Важно е да продолжиме со унапредување на соработката со СР Германија 🇩🇪, која е наш прв трговски партнер. Новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ