Во рамки на програмата „Welcome to Macedonia“, во организација на Фондацијата Институт за социо-економски развој „Академија ABC“ – Струмица, Општина Струмица беше домаќин на амбасадорите на Народна Република Кина и Црна Гора, како и на почесниот конзул на Република Перу.
На средбата беа презентирани економските и инвестициските потенцијали на општината, земјоделството и прехранбената индустрија, културното и историското наследство, Струмичкиот карневал, туристичките можности, како и современите развојни приоритети на Струмица поврзани со инфраструктурата, зелената агенда, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција.
Посебен акцент беше ставен на можностите за воспоставување и продлабочување на меѓународната соработка во повеќе области – економија и инвестиции, земјоделство и современи технологии, култура и образование, туризам, зелени технологии, дигитализација и вештачка интелигенција, како и соработка на локално ниво и заедничко аплицирање и користење на европски и други меѓународни фондови.
Посетата продолжи со разгледување на дел од културно-историското и духовното наследство на Струмичкиот регион, при што дипломатските претставници ги посетија манастирите во Водоча и Велјуса, каде што беа пречекани од Владиката Наум, како и Царевите Кули.
Посетата претставува можност за промоција на Струмица како град со богато историско и културно наследство, развиен стопански потенцијал и отвореност за нови меѓународни партнерства и соработки.
Општина Струмица останува отворена за иницијативи кои придонесуваат кон поврзување на локалната заедница со меѓународни партнери и создавање нови можности за економски, културен, туристички и технолошки развој.
























