ЗОРАН ЗАЕВ: СДСМ победува или е во сериозно водство!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната прес – конференција изјави дека СДСМ победува или има сериозно водство во повеќе од 30 општини во земјава и во градот Скопје.

Заев во своето обраќање ги наброја Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Делчево, Крушево, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Конче, Дебарца, Долнени, Куманово.

„Поддршката која ја добивме е сериозна, тоа се илјадници гласови, и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад. Главата горе, на крајот СДСМ и Коалицијата ќе имаат повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

Автор:

Датум:

октомври 18, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица