ЖАН ДРВОШАНОВ: ЈПД КОМУНАЛЕЦ-СТРУМИЦА ТОНЕ СЕКОЈ ДЕН, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАМЕСТО ОДГОВОР, СЕ ОБРАТИ СО ИРОНИЈА „ПЛАШАМ ТИ МАНГО ДЕЦАТА“

септември 30, 2023

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

ДОДЕКА ЈПКД КОМУНАЛЕЦ СТРУМИЦА ТОНЕ СЕКОЈ ДЕН, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ НАМЕСТО ОДГОВОР СЕ ОБРАТИ СО ИРОНИЈА: “ ПЛАШАМ ТИ МАНГО ДЕЦАТА “

Коста Костадинов познат по изјавата “чуму идентитет кога си без пари “ на последната седница на Советот на општина Струмица на поставените советнички прашања од советниците на ВМРО ДПМНЕ – прашања кои се однесуваат на реалните проблеми на граѓаните , затечен и исплашен бидејќи неможеше да одгововори зошто не се решаваат проблемите на граѓаните ,на повеќе пати ја користеше изреката “плашам ти манго децата”.

Веднаш се потсетивме на едни поранешни изјави како “ако баклавата е изедена – тепсиита стооо” или “киша око крагујевца” . И колку да “ ниси одавде” ќе заклучиш чија политичка копија е Коста Костадинов .

На истата седница на прашање од советникот на ВМРО-ДПМНЕ за катастрофалната состојба во ЈПКД КОМУНАЛЕЦ и загрижувачка презадолженост Костадинов наместо да одговори на прашањето реагираше крајно бедно и, падна толку ниско спомнувајќи го, во мое отсуство, моето членување во Надзорен одбор.

Очигледна е паниката и нервозата кај Костадинов штом ме спомнува во мое отсуство и има сериозен проблем за моето членство во Надзорен одбор, бидејќи досега открив и укажав на многу недоследности и неодговорност во работењето на ова претпријатие .

Како член на Надзорниот одбор уште од првиот ден укажувам на чудните работи кои се случуваат во ова претпријатие, укажав на показатели за фингираност на финансиски извештаи и разни трикови за испумпување пари од буџетот на Општина Струмица; реагирам редовно и на многуте партиски вработувања.

Како Претседател на Општински Комитет сограѓаните ми пренесуват секојдневно разни сомнежи и укажувања дека преку ова претпријатие се финансират приватни бизниси на луѓе од врвот на СДС како и самата Партија.

Уште од првиот ден барав да се направи Ревизија. Меѓутоа со еден глас наспроти четири неможе да донесеш никаква одлука.

На седницата Костадинов меѓу другото на крајот од одговорот за ЈПКД КОМУНАЛЕЦ рече заедно да сме седнале да раговараме.

Пред да седнеме да разговараме јас препорачувам: доколку смета дека во ЈПКД КОМУНАЛЕЦ нема криминал веднаш нека ги искористи сите инструментите кои ги има како Градоначалник и побара ревизија од надворешна и независна ревизорска куќа.

Во услови кога истата најкорумпирана извршна власт ги поставува и контролира органите на прогонот во државата беспредметно е да дискутираме околу конкретни аргументи. Но времињата наскоро ќе се променат.

Како и да е, сакале или не, РЕВИЗИЈА ЌЕ СЕ НАПРАВИ! И, тоа многу скоро и не само во ЈПКД КОМУНАЛЕЦ . И, одговорност ќе има !

Еве за почеток да објасни по која привилегија или заслуга се отпишува долг кон АД Водостопанство од 84.000.000 денари само на јавното претпријатие од Струмица и Берово , со одлука од Влада потпишана од Артан Груби.

И после овој отпис на толку голем долг, замислете јавното претпријатие е на позитивна нула без никакви инвестиции во опрема и инфраструктура.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ