strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: Да ги советува Костадинов младите како со плата може да се дојде до луксузен автомобил, да инвестира во недвижнини и да се развијат семејни фирми?

Автор:

Датум:

февруари 3, 2025

Автор:

Датум:

февруари 3, 2025

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица и пратеник во Собранието на Република Македонија:

Градоначалникот Костадин Костадинов имаше цела деценија да ги решава проблемите на Струмица.

Една деценија на политички ангажман имаше можност како градоначалник, советник во општината и претходно пратеник истовремено и член на високите партиски тела во СДС, доволно време да ги решава проблемите на граѓаните.

Последните неколку дена се достигна врвот на политичкото лицемерие.

За потсетување СДС се речиси 20 години локална власт, а до пред некој месец два мандати ја имаа и државна власт.

Да потсетиме дека на почетокот на својот мандат Градоначалникот на Струмица, Костадинов го имаше значењето на комплетна власт.

Но наместо да ги решава проблемите меѓу кои загадувањето и нечистата вода за пиење Костадинов реши да ги набави прочуените најскапи автобуси во Европа, скапа урбана опрема и да плаќа скапа вода.

Во меѓувреме неговата СДС ја качи платата на фукционерите за која деновиве Костадинов лицемерно предлага да се намали.

Костадинов треба да даде одговор на прашањата како за време на неговиот мандат се развија некои семејни фирми. Да ги советува младите како со плата може да се инвестира во недвижнини и да се дојде до луксузен автомобил.

Безобзирното владеење на СДС во Струмица, мора да заврши со мандатот на Костадин Костадинов.

Владата на Р Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот јавен повик за финансирање на капитални локални инфрастуктурни проекти обезбеди 100 милиони евра за сите Општини токму за решавање на вакви проекти како што се подобрување на состојбата со загадениот воздух и нечиста вода за пиење, но неспособната локална власт на СДС во Струмица не направи проект за решавање на овие проблеми и пропушти да ги искористи овие финансии одобрени од Владата на РМ за подобрување на животот на граѓаните на Општина Струмица.

Време е за промени во Општина Струмица и одговорност мора да има.