Претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски изврши увид на улицата „Мануш Турновски“ од каде започна ставањето втор асфалтен слој. Со офанзивата ќе бидат опфатени и градот и населените места.
Градоначалникот Костадин Костадинов најави дека општина Струмица ќе инвестира и во услови на криза за да го јакне стопанството, а граѓаните ќе ги добијат најдобрите услови за живот.