ЖАН ДРВОШАНОВ: ПРЕМНОГУ Е, ГИ ПОВИКУВАМ СТРУМИЧАНИ НА ПРОТЕСТ УТРЕ ВО СКОПЈЕ, ПОАЃАЊЕ ВО 16:00 ЧАСОТ ОД СТРУМИЦА!

јуни 17, 2022

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

ПРЕМНОГУ Е!

Заедно со голем број сограѓани од Струмица, во Сабота на 18 јуни, со поаѓање од 16:00 часот ќе се упатиме кон Скопје на голем Протест пред Владата.

Речиси секој знае: ВМРО-ДПМНЕ повикува на голем општонароден протест – заради промени.

Причините секој граѓанин ги чувствува на своја кожа. И затоа, ВМРО-ДПМНЕ реши одлучно да и покаже на домашната и светската јавност дека за состојбите повеќе никој не смее да молчи и дека на распадот мора да му се застане на патот.

Колку наши сограѓани болно се соочија со лошиот менаџмент на здравствената криза? Колкумина се жртви на лошата економска и социјална политика која го загрози стопанството и економијата? Колкумина останаа без работа и без леб.

Потрошени се пет државни буџети од над 20 милијарди евра додека граѓаните особено младите панично заминуват во странство. Истовремено државата е презадолжена – јавниот долг е зголемен за две и пол милијарди евра односно: за 50 одсто.

Најновата криза неспособната власт на СДС и ДУИ исто така ја пречекаа со целосна неспремност и нови штети врз нашиот стандард и живот. Сега цените на струјата, горивото, храната растат како ретко каде во светот додека платите останаа најниски.

За воља на вистината стандардот им е добар на оние кои се директно поврзани со власта. Криминал и тендери, чудни врски со мафијаши, разни ташни и торби со пари.

Прогон единствено врз опозицијата и политичките противници и уништување на довербата во судството и системотот во целина.

Македонија и македонците во оваа владеење го изгубија достоинството, својата национална гордост и честа од политичари кои видовме дека не умеат да се справат со основни проблеми додека лесно се зафаќат со прашања кои ги надминуват нивните капацитети.

Почитувани Струмичани,

Не може да со сигурност да се тврди дали овој политички дилетантизам започна во нашиот град од каде се прошири насекаде или е обратно но, со сигурност знаеме дека многу од процесите во Струмица имат свој корен, имат име и презиме.

Затоа ние имаме сериозен и особен мотив да Ве повикаме да ни се придружите на мирниот и достоинствен граѓански и сенароден протест во Скопје во Сабота на 18 јуни.

Поаѓањето од Струмица е од пред маркет Тинекс на Булеварот во 16;00 часот.

Ги покануваме сите сограѓани кои се заинтересирани да присуствуват на протестот да го контактират Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ