Времето ќе биде променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.
Според УХМР, во вторник се очекуваат пообилни врнежи дожд, кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика дневните температури да бидат пониски и во следните денови.
Денеска температурата ќе достигне 20 степени, а во вторник ќе биде 11. Во среда, четврток и петок повторно се прогнозира покачување на температурите.