На локалитетот „Пирго Каљ’ната“ во селото Мокриево, Општина Ново Село, во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за конзервација и реставрација на Одбранбената кула – Пирг.
Активностите се изведуваат согласно одобрената проектна документација, а главната цел е зачувување и обновување на овој значаен споменик на културното наследство.
Раководител на проектот е м-р Симона Јованова, виш конзерватор архитект, додека кораководители се проф. д-р Трајче Нацев, советник конзерватор, и д-р Душко Цветанов, виш кустос археолог.
Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам, а логистичка поддршка при неговата реализација обезбедува Општина Ново Село.





















