На 27.02.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Струмица, И.Ѓ.(69) од село Босилово, струмичко, пријавил дека околу 14.00 часот во село Босилово бил физички нападнат од О.Х.. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.02.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Струмица, С.С.(48) од село Сарај, струмичко, пријавил дека околу 17.00 часот во село Сарај бил физички нападнат од Л.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.02.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Струмица, Г.И.(24) од Струмица пријавил дека околу 12.30 часот во село Баница, струмичко, бил физички нападнат од едно лице. Полициски службеници од Полициската станица Струмица преземаат мерки за расчистување на случајот.