Политичките партии во најголем дел ги објавија имињата кои во октомври ќе се најдат на листата на градоначалници. Во Струмица се’уште тактизираат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што низ градот се спомнуваат повеќе имиња кои би можеле да се борат во трката за нов градоначалник. Според информациите на Струмица Денес, во текот на наредната недела и двете партии ќе ги соопштат кандидатите.