На 29.11.2021 во периодот од 07.00 до 10.00 часот на територијата на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа биле санкционирани 32 возачи, од кои 14 на подрачјето на Струмица, 9 на подрачјето на Радовиш, 5 во Гевгелија и 4 во Валандово. Притоа, 27 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 5 во населено место. За сторените прекршоци возачите биле соодветно санкционирани.
ФОТО: ИНТЕРНЕТ