Во рамките на проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“ поддржан од Министерството за образование, Македонскиот центар за граѓанско образование и Детската фондација „Песталоци“, во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица се спроведоа активности под мотото „Играме и пееме“.
Беа вклучени 57 ученици и 20 родители од мешан етнички состав, како и одделенски наставници од второ до четврто одделение, а со активноста раководеше одделенскиот наставник Јасмина Пупановска заедно со педагогот Мариза Милкова и психологот Елена Банкова-Пандева
Целта беше обезбедување поддршка за интеркултурни воннаставни активности со ученици и родители, како и да се зајакне инклузијата на социјално ранливите групи во училиштата.
Во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица се спроведоа активности под мотото „Играме и пееме“

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: