strumica denes logo

ВО КУКЛИШ СЕ ГРАДИ НОВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ!

Автор:

Датум:

јули 25, 2026

Автор:

Датум:

јули 25, 2026

Изградбата на новото мултифункционално спортско игралиште во населеното место Куклиш се одвива според планираната динамика.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

По завршувањето на подготвителните работи, започна поставувањето на армираната бетонска подлога. Според информациите од терен, бетонските работи треба да завршат следната недела, по што ќе продолжат преостанатите градежни активности.

Игралиштето ќе се простира на вкупна површина од 943 квадратни метри и ќе располага со терени за фудбал, ракомет и кошарка.

Реализацијата на овој проект претставува исполнување на долгогодишното барање на жителите на Куклиш. Од Општина Струмица истакнуваат дека потребите на граѓаните се приоритет за градоначалникот Петар Јанков и локалната самоуправа, особено кога станува збор за младите, спортот и создавањето подобри услови за рекреација.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: