strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: Зошто Струмица Гас и Општина Струмица кријат дека набавиле луксузен џип за 1,5 милиони денари?

Автор:

Датум:

февруари 14, 2025

Автор:

Датум:

февруари 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Зошто Струмица Гас и Општина Струмица кријат дека набавиле луксузен џип за 1,5 милиони денари !?

Јавното претпријатие Струмица Гас склучило договор за набавка на џип Дачиа Дастер во вредност од околу 1,5 милиони денари.

Но Струмица Гас излезе со чуден демант дека објавата е лажна. Од кои причини менаџментот на Струмица Гас и Општина Струмица раководени од кадри на СДСМ реши да ја скрие набавката на најмодерен луксузен џип набавен од салон?

Поради транспарентност на струмичката јавност го објавуваме договорот склучен помеѓу Струмица Гас и Аутомотив груп за набавка на луксузен џип.

Договорот бр. 05-437/4 склучен на ден 18.12.2024 е за набавка на возило Дачиа Дастер Еко 1.0 произведен 2024 години во бела боја со точно утврдена спецификација која ги задоволува сите форми на луксус.

Вредноста на овој договор е 1.468.666 денари, а според договорот возилото треба да е испорачано на адресата на Струмица Гас. улица 24 Октомври бр.2 во Струмица најдоцна до 31.12.2024.

Зошто Струмица Гас со лажен демант се обиде да го скрие луксузниот џип. Каде се наоѓа луксузното возило од 1,5 милиони денари, во време кога претпријатието бележи големи загуби во работењето.

Да потсетиме дека градоначалнилот Костадинов го продаде службеното возило за личен маркетинг, а сега Струмица гас, субвенционирано од парите на општина, купува неколку пати поскап луксузен џип.

Нема крај на расипничкото трошење на буџетот на Општина Струмица од страна на СДСМ.

Потребни се промени во Општина Струмица.