strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: Расчистувањето на недозволената трговија во Струмица и регионот очигледно не им оди од рака на надлежните органи!

Автор:

Датум:

февруари 16, 2022

Автор:

Датум:

февруари 16, 2022

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

Расчистувањето на недозволената трговија во Струмица и регионот очигледно не им оди од рака на надлежните органи.

Власта покажува аматеризам, неспособност и дезорганизација при извршувањето на работните задачи на на своите служби.

Заклучокот на граѓаните на Струмица е дека институциите, посебно СВР, не смеат да бидат предводени од лица избрани според партиски критериуми и особено да не ангажира докажани партиски кадри.

Во секоја активност сите органи мора да покажат стручност и искрен пристап. Затоа што аматеризмот во работењето на официјалните служби ги изложува институциите на недоверба пред граѓаните и создава чуство на страв и несигурност.

Воопшто постоењето на ситни трговци, вклучително со последните поголеми случаи на криумчарење укажува на мрежа која е поширока и остава сомнеж за подлабока инкорпорираност.

Власта на СДСМ нема капацитет да се справи со ниту еден проблем на граѓаните заради тоа што самата е длабоко корумпирана. Но, времето истекува и ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе ги соочи со законот сите оние кои работат против граѓаните.