Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Општина Струмица е помеѓу последните градови во државата со организиран општински јавен превоз. Tоа е резултат на лошиот менаџмент на општина Струмица од градоначалникот Костадинов.
Јавниот превоз е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште пред две години понуди концепт за брзо отпочнување на јавен превоз во општина, но тогашната иницијатива Костадинов ја одби. Од тогаш градоначалникот смени неколку концепти за јавен превоз, најпрво со менување на дејноста на претпријатието Струмица-гас, потоа преку општина Струмица, за на крај да се формира ново ЈП Струмица-Транспорт кое цела година ќе плаќа плати и дневници на возачи на автобуси и вработени иако автобускиот превоз се очекува да започне кон крајот на месец септември.
Општина Струмица преку ЈП Струмица Транспорт потпиша договор во вредност од 7 милиони евра за 10 електрични автобуси со капицитет од 21 седиште и 22 позиции за стоење, притоа без да напрaви опсежни консултации и без објавена физибилити студија.
Со овој договор Струмица ќе ги добие најскапите автобуси во државата за јавен превоз, а се едни и од најскапите електрични автобуси во Европа.
За споредба поголемите градови во државата имаат формирано јавни претпријатија или општина организира линиски јавен превоз. Дел од градовите користат дизел автобуси, а во Скопје, Прилеп, Битола, Тетово се користат еколошки автобуси на метан.
Градоначалникот Костадинов ќе биде запаметен по јавни набавки кои се далеку поскапи од реалната цена на чинење. Па така во минатото набавуваше клупа од 1500 евра, контејнер од 8000 евра, дрвце од 4000 денари, а сега по истиот терк набави автобуси во кој еден автобус за 44 патника чини рекордни 700.000 евра.