Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОБУСИ СЛИЧНИ НА СТРУМИЧКИТЕ, ВО ГОСТИВАР ПРЕЗЕНТИРАНИ ЗА ЦЕНА ОД 100.000 ДО 300.000 ЕВРА
Компарација за најскапите автобуси во Европа, набавени од Општина Струмица по цена од 700.000 евра, деновиве може да направиме и со другите градови во Македонија.
На неодамнешната презентација во Гостивар и Кочани, електричните автобуси за кои Костадинов плати по 700.000 евра од автобус, во другите градови се презентирани по цени од 100.000 евра до 300.000 евра во зависност од големината.
Конкретно на презентацијата во Гостивар на претставниците на медиумите и бил презентиран автобус од исти производител, со исти димензии како во Струмица со капацитет од 25 седишта.
Бидејќи цената зависи од големина, овие автобуси со капацитет до 25 седишта би се сметале во мали автобуси, минибуси или комбиња, би било очекувано да имаат просечна вредност од 200.000 евра.
Електричниот јавен превоз во Струмица ќе ја чини општина околу 500.000 евра годишно за плати и тековни трошоци, а досегашната инвестиција за набавка на 10 автобусите, полначи и авто-база се околу 8 милиони евра.
Деновите на бесплатно користење на автобусите во градот често може да забележиме дека автобусите возат празни, граѓаните не се доволно информирани за возните редови и постојќите, а од 1 јануари ќе се наплаќаат дневни и месечни билети кои цените ќе бидат слични со цените на автобускиот превоз во Скопје.