Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Методи Пасков, упати јавна покана до членовите, симпатизерите и граѓаните за присуство на свеченото одбележување на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на партијата во Струмица.
Свеченоста ќе се одржи на 8 јули, во „Велвет Зона Север“, со почеток во 20:00 часот.
По тој повод, Пасков истакнува дека станува збор за значаен јубилеј кој ја симболизира долгогодишната традиција, посветеноста и континуитетот на партијата во Струмица, испраќајќи порака дека „традицијата обврзува, а иднината се гради заедно“.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица ги повикуваат сите членови и поддржувачи да бидат дел од свеченото одбележување и заеднички да го прослават 36-годишниот јубилеј на организацијата.






















