Шеесет и четиригодишна жена од Струмица се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од патничко возило на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 3 јули 2026 година во 12:00 часот во Полициската станица Струмица. Во незгодата учествувало патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Х. (67) од Струмица, кое удрило во пешакот Л.Ц. (64) од Струмица.
Во несреќата, Л.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струмица, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната незгода.
ФОТО:АИ






















