ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ВОНРЕДНА ОДЛУКА: ТРГОВЦИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ!

декември 29, 2023

Владата донела вонредна препорака продавниците, кои инаку законски не смеат да работат за време на празници, да може да работат на 1, 7 и 8 јануари, односно за време на празниците Нова Година, Бадник и Божиќ.

„За време на новогодишните и божиќните празници, односно на деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024 година, ќе може да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

Целта на оваа препорака, на предлог на Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри.

Исто така, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата“, објави Крешник Бектеши, министерот за економија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ