(ВИДЕО) ВЕСТ КОЈА ЈА ПРЕНЕСУВА ЦЕЛА СВЕТСКА ЈАВНОСТ ВО МОМЕНТОТ: Американската војска, по наредба од претседателот Џо Бајден, собори НЛО, кој леташе на голема височина над Алјаска!

февруари 10, 2023

Засега неидентификуван летечки објект на голема надморска височина е соборен над Алјаска, соопшти Белата куќа.

Соборувањето се случи неколку дена откако американската војска собори кинески шпионски балон над Атлантскиот Океан, јавува Би-Би-Си.

– Можам да потврдам дека Министерството за одбрана следеше објект на голема височина над воздушниот простор на Алјаска во последните 24 часа. Објектот леташе на 40.000 стапки и претставуваше закана за безбедноста на цивилната авијација, рече Џон Кирби.

Кирби рече дека „како мерка на претпазливост и по препорака на Пентагон, претседателот Бајден и наредил на војската да го урне објектот и тие го сториле тоа“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ