strumica denes logo

(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ГО ПРОМОВИРА ОХРИД И СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СРЕДЕ АМЕРИКА!

Автор:

Датум:

февруари 21, 2025

Автор:

Датум:

февруари 21, 2025

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, учествуваше на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон, каде што имаше свое официјално обраќање.

„Обраќање на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон“, напиша премиерот Мицкоски во својата објава на Фејсбук, споделувајќи детали од неговото присуство на значајниот политички собир.

Инаку, премиерот Мицкоски е во официјална посета на Соединетите Американски Држави, каде што остварува низа средби со високи политички претставници и учествува на важни настани од меѓународен карактер.

Во рамките на своето обраќање, тој го стави фокусот врз македонската историја и културно-духовното наследство, особено истакнувајќи ја важноста на Охрид и Свети Климент Охридски.

Со ова, премиерот Мицкоски ја пренесе македонската културна и духовна приказна во срцето на Америка, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на националниот идентитет и вредностите што Македонија ги негува низ вековите.

ВИДЕО: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=1165237091812860&rdid=XK6t702JCOzK4Pk0