Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Ова не личи на Струмица, ова не се одлики на струмичани.
Превземаме радикални чекори за справување со несовесни жители кои пуста желба им е да ја загадуваат Струмица.
Поднесени се кривични пријави, сите надлежни институции се во тек и ја следат ситуацијата.
Благодарност за издржливоста на комуналните инспектори и редари, инспекторката за животна средина, СВР Струмица, пожарникарите.
Мои сограѓани верувајте дека сме исправени пред многу сериозен предизвик, отпорот и агресијата врз институциите е огромен до степен да се донесени да им е загрозен животот.
Откажување нема, постапуваме уште посплотено и организирано.
Струмица ќе биде чиста!
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: https://www.facebook.com/kosta.kostadinov.18/videos/1582932562072407