strumica denes logo

Успешен почеток на туристичката сезона во Дојран за Велигден!

Автор:

Датум:

април 14, 2026

Автор:

Датум:

април 14, 2026

Со полни сместувачки капацитети и задоволни посетители помина четиридневниот продолжен викенд во Дојран, кој домашни, но и странски туристи го посетија токму за Велигден. Угостителите и хотелиерите, но и издавачите на приватно сместување велат дека се задоволни од посетеноста и доколку временските услови се поволни очекуваат побројни посети на Дојран и во наредните викенди.

– За изминатите четири дена имавме околу 80 до 90 проценти исполнетост на хотелиерското сместување, а стандардно полни сме и во ресторантскиот дел, велат во изјава за МИА од еден од хотелите во Стар Дојран.

Викендов низ преполните паркинзи во централното подрачје на Дојран можеа да се забележат посетители од повеќе градови меѓу кои најчести беа од Струмица, Радовиш, Валандово, Штип, како и сопствениците на викендици од главниот град, а имаше туристи и од соседна Грција и Бугарија.