До средината на неделата времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, до вторник во попладневните, а во среда во претпладневните часови. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од среда ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени.
Температурите во Струмица ќе се движат од 6 до 20 степени целзиусови.