Под мотото „Сите сме со посебни потреби“ учениците од Ученичката заедница и професорите од нашето училиште се вклучија во одбележување на 3 -ти декември, „Светски ден на лицата со посебни потреби“. Секоја човечка личност е вредна за почит. Сите ние на некој начин сме лица со посебни потреби. На секого нешто му е повеќе или помалку потребно. Но најмногу од се, на секого му е потребна, почит, сочувство, разбирање, помош, поддршка, подадена рака, топла насмевка и другарска прегратка. Денес ние со нашата идеја за еднаквост, за доближување на различностите, го прегрнуваме сиот свет со сите негови недостатоци и доблести, силно верувајќи дека ќе биде подобар.