strumica denes logo

УЧЕБНИЦИ НЕМА, АМА ШАЌИРИ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ!

Автор:

Датум:

септември 29, 2023

Автор:

Датум:

септември 29, 2023

За пет дена ќе биде појасно кога сите ученици ќе ги добијат комплет учебниците кои им потребни за нормално одвивање на наставата.

Ова е последното ветување во низ на министерот за образовани Јетон Шаќири, кој повторно со собра гневот на јавноста, бидејќи и оваа година дел од учениците ги остави без наставен материјал.

И денеска се правдаше дека дел од тие што недостасуваат биле на печатење, а за други се чека конечната одлуката на Националната комисија.

„Што се однесува до шесто одделение, и тука ме радува фактот што Националната комисија ги има одобрено учебниците по македонски, албански јазик, природни науки и математика, за кој треба да се чека уште пет ден жалбена постапка, изјави, Јетон Шаќири.

Дополнително, од следната недела студентите ќе може да се користи субвенционираниот оброк и тоа во висина од 140 денари на ден. Запрашан за тоа дали тоа е доволно, Шаќири вели дека ако се зголеми инфлацијата ќе се зголеми и субвенцијата.

„Секоја година, ќе се анализира колку е покачен процентот на инфлацијата во однос на претходната година. Основно што имаа беше 120 а сега е 140 денари, во наредниот период при подготовката за наредниот буџет да се направи разлика во споредба со оваа година и тоа ќе го анализираме“, изјави, Јетон Шаќири.

Инаку, денеска во Скопје се одржува регионална министерска конференција, на која се разговара за тоа како може да се зголеми квалитетот на високото образование во земјите од Западен Балкан. Ваква размена на искуства е повеќе од потребна имајќи о предвид факторот дека многу малку универзитети од регион котираат доволно добро на Шангајската листа.