УБАВИ ВЕСТИ: МАЛАТА ДЕНИСА СТОЕВА ОД ШТУКА ЗАПОЧНУВА СО ПРОЦЕСОТ НА ЛЕКУВАЊЕ – СРЕДСТВАТА СЕ СОБЕРЕНИ!

јануари 24, 2024

Убави вести споделуваат блиски до семејството на Дениса Стоева од Штука. Статусот на Наско Панов ви го пренесуваме во целост.

– Драги мои роднини,другари и останати пријатели сакам да споделам една убава вест со вас. ДЕНИСА Стоева е веќе во Турција каде ќе започне со процесот на лекување. Од нејзино име и од името на нејзините родители сакам лично и искрено да ви се заблагодарам на сите луѓе кои бевте вклучени во хуманитарната акција за собирање на средствата, без вашата помош нашата мисија ќе беше невозможна. Благодарност сакаме да искажеме и на Фондот за здравство кој обезбеди лекување на Дениса во приватна болница во Турција.

Уште еднаш по којзнае кој пат покажавме дека сме народ кој сака да помага, народ кој ја разбира тагата на другите, народ кој сака да помогне во најтешките мигови од животот.

БЛАГОДАРИМЕ НАРОДЕ наш МАКЕДОНСКИ

-Сега останува да се помолиме на БОГ да им даде здравје на сите деца во светот 🍀

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ