Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните според три анкети спроведени во месец октомври. Премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски информираше за ова на брифинг со новинарите.
Според анкетите ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%.
Потоа следуваат СДСМ со 8.5%, ДУИ со 7.9%, ВРЕДИ 7,1%, ЗНАМ 2% и Левица со 6%.
Станува збор за сублимат од три анкети спроведени во месец октомври. Две од овие анкети се теренски, а една е телефонски спроведена анкета. Истражувањата се спроведени по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски изјави дека најбитни прашања со кои треба да се справи владата се корупција и криминал со 33 отсто, како и економија и животен стандард со 27 отсто.























