strumica denes logo

БРАВО ШАМПИОНЕ: СТРУМИЧАНЕЦОТ ПЕПИ ВЕЛКОВ ОБЕЗБЕДИ СИГУРЕН МЕДАЛ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КИК БОКС – ГО ДЕЛИ САМО ЕДНА ПОБЕДА ОД ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ!

Автор:

Датум:

ноември 11, 2026

Автор:

Датум:

ноември 11, 2026

Убави вести за струмичкиот спорт пристигнуваат од Скопје, каде што се одржува Европското првенство во кик бокс. Струмичанецот Петре Велков обезбеди пласман во полуфиналето и со тоа си гарантираше најмалку бронзен медал на европскиот шампионат.

Велков настапува во дисциплината лоу кик, во категоријата до 67 килограми, а до значајниот успех стигна по убедливата победа од 3:0 против Ерик Гартнер од Словенија.

Следниот предизвик за струмичкиот кикбоксер е полуфиналната пресметка против Серхи Руснак од Украина, во која ќе се бори за пласман во големото финале и можност да се закити со европско злато.

Со досегашниот настап, Велков веќе обезбеди место меѓу најдобрите во својата категорија, носејќи уште еден значаен спортски успех за Струмица.

Натпреварите на Европското првенство продолжуваат, а пред струмичкиот борец претстои една од најважните борби на шампионатот.