СВР Струмица поднесе кривична пријава Ј.М.(27) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “. На 19.10.2022 на ул.,,Цветан Димов’’ во Струмица, пред паркинг простор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф’’ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.М. од Кочани, при што пронашле и одзеле кокаин, кој бил испратен од пријавениот, преку Б.М., за неговиот брат кој издржувал казна затвор во Затвор Струмица.
Тргнал да му носи кокаин на брат му во затворот во Струмица, ама полицијата му застана на патот!

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: