strumica denes logo

ТОПЛОТО ВРЕМЕ ПРОДОЛЖУВА: И овој викенд не очекува сончево и топло време со температури над просекот за овој период!

Автор:

Датум:

февруари 18, 2023

Автор:

Датум:

февруари 18, 2023

Сончево и топло, a во југозападните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Температурите во Струмица ќе се движат од 2 до 15 степени.

За време на викендов времето ќе биде сончево и топло со дневна температура која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Од вторник повторно следува стабилно и потопло време.