СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: ДА СЕ ОДНЕСУВААТ ОДГОВОРНО ВО ОВИЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО СЛЕДНИВЕ ДЕНОВИ!

јули 30, 2020

Пожарникари-Струмица:

Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период (жолта алертна фаза) зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор.

ТППЕ Струмица апелира до локалното население да се воздржи од палење плевел и други растителни отпадоци како и земјоделски отпад.

Граѓаните одговорно да се однесуваат со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.

ТППЕ Струмица е подготвена во секое време да делува со своите материјално-технички и човечки ресурси.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ