strumica denes logo

СТРУМИЧКИОТ КАРАТЕ КЛУБ „ШИХАН ПРО“ СО 73 МЕДАЛИ И ПЕХАР ЗА НАЈДОБАР КЛУБ НА ТУРНИР ВО СРБИЈА!

Автор:

Датум:

април 27, 2026

Автор:

Датум:

април 27, 2026

Карате клубот „Шихан Про“ од Струмица оствари извонреден успех на силниот меѓународен карате турнир што се одржа на 26 април 2026 година во Власотинце, Србија, освојувајќи вкупно 73 медали.

Струмичките каратисти блеснаа на татамите, при што освоија 29 златни, 20 сребрени и 24 бронзени медали, потврдувајќи ја својата квалитетна подготовка, дисциплина и висок натпреварувачки дух.

За овој импресивен резултат, на клубот му беше доделен пехар за најдобар клуб на турнирот, како екипа со најголем број освоени медали, што претставува уште едно големо признание за нивната посветена работа.

Турнирот во Власотинце воедно послужи и како контролен тест за кадетите и јуниорите пред претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Романија, каде се очекува младите натпреварувачи да ја продолжат успешната низа.

Од клубот упатија благодарност до сите натпреварувачи за вложениот труд, дисциплина и борбен дух, како и до родителите кои несебично даваат огромна поддршка и претставуваат најголем мотив за младите спортисти.

Карате клубот „Шихан Про“ од Струмица продолжува гордо да чекори кон нови успеси и да го афирмира градот на спортската мапа.