Со радост соопштуваме дека на 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архиереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.
По тој повод Струмичката Православна Епархија организира бесплатен превоз за верниот народ од нашата епархија кој сака да присуствува на овој радосен историски чин.
Тргнувањето ќе биде на 24 мај во 6:30 ч. наутро од предворјето на храмот „Св. Димитриј и Григориј Палама“ во Струмица.
Контакт телефон:
о. Константин – 070/435-580
о. Симеон – 078/937-723