strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА СО АПЕЛ ДО СИТЕ ПРАВНИ ЛИЦА И КОМПАНИИ КОИ РАБОТАТ ТРЕТА И ЧЕТВРТА СМЕНА НА ВРАБОТЕНИТЕ ДА ИМ ОБЕЗБЕДАТ ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ!

Автор:

Датум:

април 6, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 6, 2020

Категории:

Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица, апелира до сите правни лица и компании на подрачјето кои работат во 3-та и 4-та смена на своите вработени да им обезбедат Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа, донесена врз основа на Одлука на Владата за утврдување на постоење на вонредна состојба објавена во Службен весник на РСМ бр.68/2020 од 18.03.2020 година, а во врска со Одлука на Влада за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија објавена во Службен весник бр. 72/2020 од 21.03.2020 година.

Истовремено повикуваме до правните лица / компаниите до Полициските станици од општа надлежност Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово при СВР-Струмица, веднаш да достават Списоци на компании кои работат во 3-та и 4-та смена со издадени Дозволи за движење на вработени поради вршење на сменска и ноќна работа.