Струмичанецот Ѓорѓе Џеков е меѓу 28-те фудбалери кои селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги повика за претстојните четири натпревари од групата Б1 во новото издание на УЕФА Лигата на нации. Со повикот, Џеков ќе биде дел од националниот состав за септемвриските и октомвриските дуели, во кои Македонија ќе се соочи со репрезентациите на Швајцарија, Словенија и Шкотска. „Црвено-жолтите“ го отвораат циклусот на 26 септември со домашен натпревар против Швајцарија во Скопје. Три дена подоцна, на 29 септември, следува гостувањето кај Словенија во Љубљана.На 3 октомври, македонската репрезентација ќе ја пречека Шкотска, а серијата од четири натпревари ќе ја заокружи на 6 октомври со гостување кај Швајцарија во Луцерн.
За струмичкиот фудбалер, место на списокот е можност да се наметне пред селекторот и да конкурира за настап во националниот дрес во претстојните репрезентативни предизвици.





















