Струмичанец на возраст од 31 година бил лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со екстремно висока брзина на автопатот А1 кај гевгелиското село Милетково.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил вчера околу 19:00 часот, кога полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија, при контрола на патниот сообраќај со радар, утврдиле дека З.Д.(31) од Струмица управувал патничко возило „Ауди“ со австриски регистарски ознаки со брзина од дури 204 километри на час.
На делницата каде што бил извршен надзорот, максимално дозволената брзина изнесувала 120 километри на час, што значи дека возачот ја надминал дозволената брзина за 84 километри на час.
По констатираниот прекршок, возачот бил веднаш исклучен од сообраќај и лишен од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против струмичанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.






















