strumica denes logo

СТРУМИЦА НА ВТОРО МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА ПО БРОЈОТ НА ДАНОЧНИ ДОЛЖНИЦИ – ДУРИ 175 НА НОВАТА ЛИСТА НА УЈП!

Автор:

Датум:

ноември 13, 2026

Автор:

Датум:

ноември 13, 2026

Струмица се најде на второто место во Македонија според бројот на даночни должници, покажува најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП), објавена под број 11/2026.

Според објавените податоци, во Струмица се евидентирани вкупно 175 должници, со што градот се наоѓа веднаш зад Скопје, каде што се регистрирани 1.081 должник.

Зад Струмица следуваат Тетово со 127, Охрид со 121 и Битола со 102 должници.

На ниво на државата, на најновата листа се најдоа вкупно 5.200 должници, од кои 3.194 се физички лица, додека останатите се правни лица. Нивниот вкупен долг кон државата изнесува околу 14,7 милијарди денари.

Листата опфаќа неплатени обврски по различни основи, меѓу кои ДДВ, данок на добивка, персонален данок, царински давачки и акцизи.

Управата за јавни приходи редовно ги објавува должниците со цел да ја поттикне наплатата на заостанатите обврски кон државниот буџет.

Извор: Управа за јавни приходи (УЈП)