Струмица добива уште еден нов парк на просторот на поранешната касарна во населбата Карпош. Градежните работи започнаа со расчистување на теренот, подготовки на површините и оформување на патеките и остантите планирани содржини.
Овој нов парк опфаќа вкупна површина од 14.000 метри квадратни, ќе има хортикултурно уредување со засадување на голем број дрвја, грмушки и ароматични растенија, претежно автохтони видови, тревни површини, заштитно рабно зеленило, костенова шумичка, јадлива шумска дендрофлора и разновидно парковско зеленило, создавајќи простор што ќе биде убав, функционален и отпорен на климатските предизвици.
Проектот е дел од пошироките активности за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на урбаната животна средина преку зголемување на зелените површини. „Справување со загадувањето на воздухот“, e финансиран од Амбасадата на Шведска во партнерство со Министерство за животна средина и Општина Струмица и е дел од Програмската рамка на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.





















