По Скопје, Струмица е вториот град во државата којшто доби Европска куќа. На денешното отворање, на коешто присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, клучот од Европската куќа им го предадов на младите луѓе од Струмица.
Европската куќа ќе биде исклучително „жив“ простор во кој младите од општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ-дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ-настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека оваа куќа ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати.