Од сојузот на средношколци бараат Собранието што побрзо да ги донесе потребните законски измени за бесплатен јавен превоз за сите средношколци.
На 17 март Сојузот го достави тој предлог закон до Собранието, каде добија иизвестување од претседателот на Собранието дека текстот е доставен до сите пратеници.
Досега предлог законот не беше ставен во законска процедура, од сојузот на средношколци сметаат дека поминало доволно долго време и бараат што побрзо тој да биде ставен во собраниска процедура и да биде гласано за истиот.