Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека за периодот од 2017 до 2023 година за вработените во МВР платите се зголемени за 35 проценти а исплатени се и шест бонус плати за одреботени прекувремени работни часови.
,,Со спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење беше зголемена просечната плата, а со тоа растеше и поединечниот износ на бонус платите во МВР:
5 покачувања на плата за сите вработени во МВР
4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места
6 исплатени бонус плати
Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. Сите бонус плати навремено се исплаќаат, а до 2016 не биле исплаќани, па вработените морале по судски постапки да ги наплаќаат. Така, започнувајќи од 2020 година се врши исплата на бонус плата за вработените во МВР.
Ги користиме сите можни алатки кои ни стојат на располагање, сѐ во интерес на вработените, за подобрување на социјалниот статус на полицијата” објави Спасовски.